Во Куманово нема новозаболени од ковид-19
Во последните 24 часа регистрирани се 3 нови случаи на ковид- 1, сите во Скопје, а направени се 1.325 тестирања.
Во последните 24 часа регистрирани се 3 нови случаи на ковид- 1, сите во Скопје, а направени се 1.325 тестирања.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи за се зголемат цените на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % и ќе се продаваат за половина денар поскапо.
Средното училиште „Перо Наков“ од Куманово издаде прирачник „Водич за наставницити за учење на социјално претприемништво“, во рамките на проектот „Размислувај голбално, делувај локално“. Водичот е заеднички продукт на Хрватска, Италија, Кипар, Турција и Македонија, а составен од пет поединечни сегменти, така што секој од партнерите беше задолжен за определен дел и неговата изработка.
Главниот координативен кризен штаб на Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година, што значи од утре престанува да важи мерката за носење маски на отворено, на спортските натпревари ќе има публика, а прослави ќе се организираат на отворено со најмногу 100 гости. Полицискиот час останува да важи до 15 јуни.
Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.755 тестирања.
Драгица Спасиќ е именувана за в.д. директор на ОУ „Крсте Мисирков“ во Куманово, откако поранешниот директор Александар Јовановиќ, е избран за раководител на Секторот на образование во Општина Куманово.
Во последните 24 часа регистрирани се 33 нови случаи на ковид-19, направени се 3.777 тестирања. По градови во: Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.
На подрачјето на СВР Куманово денеска спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
Пожар оштети дел од куќа на улицата Драган Шутевски, во населбата Тоде Мендол во Куманово.
Во последните 24 часа направени се 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19.
Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На седницата одржана пред неколку дена Владата го прифати барањето, кажа Саша Арсиќ, советник во Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.
Од први јуни, маски не мора да се носат на отворено, препорача денеска Комисијата за заразни болести. Останува на сила полицискиот час, но се олабавуваат другите мерки односно се дозволува правење свадби и веселби, а во рестораните и кафулињата на една маса можат да седат до 6 лица.
Поројниот дожд проследен со грмежи, кој вчера го зафати Куманово, поплави повеќе улици во градот.
Александар Јовановиќ, дипломиран професор по физичко воспитување, е нов раководител на Секторот на образование во Општина Куманово.
По претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, денеска полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Д.(53) од Куманово, при што биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток.
Во Куманово има 231 заболен од коронавирус, што е највисока бројка во градовите во внатрешноста. Повеќе од нас има само Скопје со 1000 активни случаи. Потоа следува Битола со 171 и Прилеп со 101 случај, соопштува Министерството за здравство.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса