ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПРИЈАВЕНИ 12 КРАЖБИ, 9 СЕ РАСЧИСТЕНИ
На подрачјето на СВР Куманово во текот на оваа недела биле извршени 12 тешки кражби, од кои девет се расчистени.
На подрачјето на СВР Куманово во текот на оваа недела биле извршени 12 тешки кражби, од кои девет се расчистени.
Во Североисточниот регион ќе бидат ангажирани вкупно 398 попишувачи и 42-ца реонски инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите.
Во последните 24 часа регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19, a направени се 3.477 тестирања.
Во организација на Сојуз на борци од народноослободителна и антифашистичка војна 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи – Куманово, денеска во с. Жегљане се одбележаа 77 години од формирањето на славната партизанска единица „Трета МУБ“.
Стојадин Марковски - Цоци (68) од населбата Карпош, кој исчезна пред 11 дена се уште не е пронајден. МВР денеска ја објави неговата слика за исчезнати лица на својот сајт.
Во СВР Куманово, вчера во 17.20 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
Три лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна незгода која вчера во 16.20 часот се случила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кога патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Поради интервенции на водоводна мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на една населба и пет улици во градот.
Основното јавно обвинителство за гонењена организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против три лица од Куманово, поради кривични дела терористичка организација и тероризам .
Активно работиме на подобрување на средното стручно образование, наша цел е младите по завршување на училиштето да поседуваат вештини и знаења што ги бара пазарот на труд. Затоа низ социјален дијалог го усогласуваме повикот што ќе следи за запишување на ученици во средните стручни училишта, изјави заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, на средбата со претставници од локалната самоуправа, средните стручни училишта и компаниите во Општина Куманово.
Полициски службеници од СВР Куманово, ноќеска во 03.45 часот го лишиле од слобода Б.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека вчера на дрзок начин на Р.О.(66) му го одзел паричникот.
Мила Царовска води политичка кампања наместо да ги спроведе крупните реформи во образованите кои ги најави кога дојде на чело на министерството, обвини Милан Давидовиќ од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на прес-конференција.
Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ги посетија и однесоа хуманитарна помош на повеќе семејства во селата Арбанашко, Рамно, Буковљане, Цветишница и Дејловце, кои беа најпогодените од студениот бран кој го зафати нашиот регион.
Оваа година треба да се одржат локалните избори. Фер е новите градоначалници да го започнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со кои што ќе располагаат за нивно извршување, веќе од наредната буџетска година, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, на консултативниот настан со градоначалниците и други претставници од општините.
Момче се здобило со сериозни повреди и било пренесено на лекување на Скопските клиники, по судир на автомобил и мотор во населбата Бабин Дол.
Поради интервенција на водоводна мрежа – замена на дотраен затворач Ф-100, утре (25.февруари) од 05 часот до завршување на работа, ќе има прекин на водоснабдување на четири улици.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса