Петок неработен ден за муслиманските верници
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека петок ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија кои се од муслиманска вероисповед.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека петок ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија кои се од муслиманска вероисповед.
Археолозите од Кумановскиот музеј завршиа со археолошките ископувања на локалитетот Градиште во с. Младо Нагоричане, кои беа предвидени во годишната програма на институцијата, а одобрени и финансирани од Министерството за култура.
Општина Куманово утре (петок) ќе изврши трета терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.
Нови 21 случај на позитивни на вирусот ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Вкупно 16 напади од кучиња-скитници пријавиле граѓаните во полицијата во Куманово, во првата половина од годината.
Компанијата Mozzart Bet, денеска во Општата болница во Куманово донираше околу 500 килограми свежо овошје.
Во четврток, од 10 часот до 17 часот, во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, СДСМ Куманово организира крводарителска акција.
Фирми од Куманово кои добиле поддршка од државата за исплата на плата, не им ги префрлиле парите на вработените за два месеци. Станува збор за 16 фирми за месец април и 21 фирма за месец мај.
Единаесет нови случаи позитивни на ковид-19, денеска, се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Од денеска граѓаните на Македонија ќе може да патуваат во Бугарија, но ќе треба да приложат негативен ПЦР-тест.
Започната е санацијата на т.н „Искрин мост“ на реката Пчиња, на магистралниот пат Куманово-Свети Николе, кој се смета за еден од најдолгите мостови во државата, со должина од 355.50 м. Во моментот се работи на санација на столбовите, а приспапот до него е преку селото Шупљи Камен.
Во дворот на Театар Куманово вечерва во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Дневникот на лудиот“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на актерот Бобан Алексоски.
Стојанче Величковиќ повторно е поставен на функцијата началник на Секторот за внатрешни работи Куманово- во Биро за јавна безбедност.
Нови 6 случаи позитивни на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово. Оздравени се двајца пациенти.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Исплатата на пензии за месец јули почнува од вторник, 28 јули. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме четврти месец по ред, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса