Горивата поевтинуваат од три до пет денари за литар
Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Во Куманово за време на полицискиот час, уапсени се две лица, кај кои е најдено и оружје.
Јавните претпријатија во Куманово, од денеска се вклучени во активностите коишто се преземаат на терен за справување со коронавирусот во градот.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус во земјата, - објави министерот за здравство Венко Филипче.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ноќеска почина пациент заболен од коронавирус, соопшти Министерството за здравство.
Овој вирус се појавува како како член на семејството на коронавируси, кој досега го немаме сретнато. Како и другите коронавируси тој се пренесува од животните на луѓето. Негова карактеристика е брзото ширење.
Куманово утринава осамна под снег и виулица, иако зимата заврши и официјално. Снежната покривка во Куманово до 7 часот изнесува 3 сантимети. Најмногу снег напаѓа на Маврово 11 сантимети, а најмалку во Берово 2 см.
Општина Куманово бара од Владата да воведе посебен контролен режим за влез и излез во градот и на тие места се постават средства за дезинфекција на автомобили и луѓе, за се спречи ширењето на коронавирусот во градот.
Министерот за здравство Венко Филипче го појасни начинот како била лекувана 57-годишна жена во Куманово, која е прв смртен случај од коронавирус во земјата.
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од Ковид-19.
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која денеска почина како последица од коронавирусот, а на други двајца кумановци инфицирани од коронавирус им посака побрзо оздравување.
Жена на 57 години од Куманово е прв смртен случај од коронавирус во земјава, а нејзиниот син е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Жител на липковското село Отља загина откако го затрупа земја во резервоар за вода на кој работел.
Едно лице од Куманово е меѓу новите 29 заболени од коронавирус во изминатото деноноќие во земјата.
Од утре се воведува ограничување на движењето на сите граѓани или полициски час во земјавата, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
На вонредна седница, Советот на Општината денеска донесе одлука за исплата на парични средства во висина 4 милиони денари од буџетот на Општина Куманово за набавка на опрема и средства за дезинфекција за потребите на Општината.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса