Бензините поевтини за три, а дизелот за 2,5 денари по литар
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Здруженијата за заштита на животните и граѓаните, побараа да престане насилството врз животните, откако на социјалните мрежи синоќа беше споделено видео на кое се гледа како момче клоца мало куче.
Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите се` до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.
Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат потрошувачите четири учици во градот.
Почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце.
М.С. (21) од Куманово е момчето, коешто утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Куманово. Д.В.(21) е тешко повреден и префрлен на лекување на Скопските клиники.
Постои согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
Едно лице загинало, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што утринава се случила на булеварот „Октомвриска револуција“, кај зеленото пазарче во Куманово.
Командирот во затвор „К’шање“, завчера во 16.45 часот во СВР Куманово, пријавил пожар во крилото за странци каде била опожарена ќелија од страна на затвореници.
Тројца постдипломците на Универзитетот „Хокаидо” од Јапонија, се гости на приватната високообразовна установа за бизнис студии "Еуро Колеџ" во Куманово, како дел од проектот поддржан од програмата за студиски посети „Еразмус +”.
Се одложува претставата "Чекајќи го министерот", која вечерва требаше да се игра во Театар Куманово, заради донесената одлука на Владата да се откажат масовните јавни собири до 6 март, како превенција од корона вирус.
Владата препорача да се откажат масовните јавни собири до 6 март, а спортските натпревари да се играат без публика, по предлогот на министерот за здравство Венко Филипче. Одлуката доаѓа по појавата на првиот случај со коронавирус во земјава, a уште 14 лица се во изолација.
ЈП „Водовод“ - Куманово ќе започне со електронска наплата на сметките за вода. Во иднина корисниците на нивните услуги ќе можат онлајн, од дома со дебитна или кредитна картичка да ги плаќаат сметките за потрошената вода.
Со цел да се вмрежат локалните бизнисмени од Општина Куманово, со своите колеги од Република Бугарија, денеска во Занаетчискиот дом во Куманово, се одржа првиот македонско-бугарски бизнис форум „Заедно можеме повеќе“.
Од 2 март на полноќ кабелските оператори ќе ги исклучат сите домашни и странски ТВ канали, освен МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Додека трае прекинот нема да наплатуваат услуги, соопшти Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори.
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска престојува во посета на Општина Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса