Полицијата санкционирала 78 возачи, 46 возеле пијани, 32 без дозвола
Во текот на изминатата недела (21-28.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 67 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 78 возачи, 46 возачи кои управувале под дејство на алохол и 32 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.