Вонредна седница на Советот на Општина Куманово за помош на настраданите во Драч
Советот на Општина Куманово, утре ќе одржи вонредна седница, на која ќе расправа за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово со намена - хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Општина Драч - Република Албанија.