Пороен дожд до крајот на денот, најавуваат синоптичарите
Во моментов во Североисточниот дел од земјава се наоѓа поголема нестабилна воздушна маса, информираат од УХМР.
Во моментов во Североисточниот дел од земјава се наоѓа поголема нестабилна воздушна маса, информираат од УХМР.
Најстарото основното училиште во градот „Браќа Миладиновци“, одбележа 65 години постоење и успешна работа. Со голема приредба насловена „Куманово те гушкаме“ во спортската сала Куманово, учениците од сите одделенија низ песни и игри го прославија големиот јубилеј.
Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ апелира до граѓаните кои наредните два дена ќе ги посетат Градските гробишта отпадоците од храна и другиот смет да го фрлат во контејнери, наместо да ги оставаат покрај гробните места.
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски синоќа во Куманово се сретна со членовите, поддржувачи и симпатизери на СДСМ.
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против вкупно 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица на 5 април, во кој беа убиени и повредени членови на ДУИ од Куманово.
До 10 јуни годинава трајат уписите на деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Во новата учебна година ќе бидат запишани над 300 дечиња.
Оваа недела следи продолжен викенд, бидејќи среда, четврток и петок се неработни денови.
Здружението на просветни работници и Општина Куманово, традиционално по повод Денот на сесловенските просветители „Кирил и Методиј“, ги прогласија најдобрите ученици на генерацијата 2017/2018 година.
Затвореници од затворот К`шање се жалат дека поради проблемите со водоснабдувањето управата на казнено-поправната установа Куманово не им дозволува да ја користат ни собата за интимни посети, затоа што нема вода да се истушираат
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.
Четиринаесетгодишното момче од Липково, кое во петокот исчезнало од дома пронајдено е во Скопје.
Новиот број за смс пораки е 144-144, а новина е што треба да се впише бројот на подзоната во која паркирате пред регистерската таблица
Меѓународниот проект на НУ Музеј Куманово, насловен „Кокино македонски бренд“ чиј раководител беше нашиот археолог Дејан Ѓорѓиевски, ја доби наградата за најдобар музејски проект за 2017 година, од страна на ICOM (International Council of Museums) Македонија.
Мирослав Јовановиќ е реизбран за претседател на Српска странка во Македонија.
Кумановската компанија „Бучен Козјак“ е добитник на престижната меѓународна награда за квалитет “Best Practices”.
Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија (ФРМСП) започна со импламентација на проектот "Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност", кој предвидува соработка на приватниот сектор со претставници од универзитети, кои ќе помогнат при спроведувањето на мерките за зголемување на иновативноста и конкурентноста во целните регони и пошироко.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса