Ученички филмови финалисти на Меѓународниот фестивал КРЕФ
Детскиот филм „Волшебна магија 1“ и видео играта минекрафт „Волшебна магија 2“, кои ги снимаа учениците од трето и петто одделение под менторство на наставничките Александра Грубор и Анита Николовска, од подрачното основно училиште „Толи Зордумис“, од село Режановце, влезе во финалето на Меѓународниот училишен фестивал на креативни образовни филмови КРЕФ, кој годинава ќе се одржи во Штип.