Игор Божиновски избран за член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Игор Божиновски од Куманово е избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Игор Божиновски од Куманово е избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред споменикот од НОБ во селото Пелинце денеска беа одбележани 74 години од битката во Пелинце, каде загинаа двајца борци од Кумановскиот одред Ангел Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи.
Започна со работа нов современо опремен вулканизерски сервис „КОЛЕВ Пнеуматик”, кој се наоѓа во населбата Карпош на улица 7 бр.35, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, пред Алфи Техноцентар.
Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници-физички лица кои вршат стопанска дејност, а во предходната календарска година оствариле вкупен промет над 1.000.000 денари, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2018 година.
Пратеникот од Српската странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ од Куманово, не гласаше за Законот за употреба на јазиците, кој вчера беше усвоен во Парламентот.
Една премиера на албански јазик и три претстави на македонски јазик ќе се најдат на репертоарот на Кумановскиот театар до крајот на месецот јануари.
Во Основниот суд Куманово, во среда на 17 јануари, ќе почне судскиот процес против Љубомир Митев (78) од кратовското село Којково, кој во самоодбрана во својата куќа застрела двајца разбојници, од кои едниот го усмрти, а другиот го рани, бидејќи го малтретирале и сакале да го ограбат.
Кумановската полиција поднесе поднесе кривична пријава против кумановка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело фалсификување исправа и продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.
Самохрана мајка со три мали деца ќе остане на улица ако не обезбеди пари за кирија, и не го продолжи договорот за станот во кој живеат во Куманово.
Во Основниот суд Куманово, денеска повторно се одложи судењето против Бобан Илиќ обвинет за убиството на Алмир Алиу, поради отсуство на двајца обвинети за насилство.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Ф.(41), О.О.(50), Ф.Ф.(37) и И.О.(59), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело насилство.
Eкипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ изминативе две недели насадија 500 садници, зимзелени, листопадни и украсни грмушки.
Изгоре куќа во селото Мгленце во Општина Страо Нагоричене. Пожарот настанал вчера во 13.55 часот, а локализиран е во попладневните часови.
Електронска наплата на патната такса ќе почне да се применува од март годинава на новата наплатната станица кај Романовце.
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на „еуросупер БС-98“ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Општина Куманово ги повикува граѓаните и сопствениците на фирмите до крај на месецот да поднесат даночни пријави за утврдување данок на имот и на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2018 година.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса