Шаховски турнир за празникот на градот
Во просториите на Здружението на пензионери Куманово утре во 16 часот, ќе се одржи меморијален шаховски турнир “Среќко Георгиевски-Цмок“, во чест на поранешниот претседател и шахист и во чест на 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.