Градоначалникот Дамјановски со честитка за Курбан Бајрам
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават големиот празник Курбан Бајрам.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде прикажана модната ревија насловена како “Современата мода инспирирана од модните трендови на 50, 60 и 70 - те години на 20-от век“.
Општината Старо Нагоричане денеска на вонредна седница на Совет, прогласи елементарна непогода.
Кумановските медиуми денеска ја бојкотираа седницата на Советот на општина Куманово, бидејќи се против воведување акредитација на новинарите кои ја следат работата на Советот.
Општинската организација на Црвен Крст од Куманово во понеделник организира поетско читање, за одбележување на Неделата за промоција на хумани вредности која трае од 21 до 27 септември.
Деца и младинци денеска танцуваа на Градскиот плоштад со што се вклучија во Балканска акција 2015.
Театар Куманово утре со детската претстава “Пинокио“ ревијално ќе учествува на фестивалот за деца и младинци “Малиот принц“ во Штип.
Членови на Здружението “Кумановски акцијаши“ во недела ќе чистат на улица “Страшко Арсов“ зад Монопол.
Денеска во 10 часот и 21 минута по средноевропско време, на северната хемисфера започнува есента.
Утре во утринските часови од 5 до 8 часот ќе се изврши авионска адултна дезинсекција на поплавените подрачја по течение на реките Пчиња, Крива Река, Липковка, Којнарка и Кумановска река, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Во работилницата која функционира во Старо Нагоричане досега се изработени првите 2 комплета односно 24 носии.
На Градскиот плоштад во Куманово во четврток, петок и сабота ќе се одржува саемот “Денови на мед“.
Во кружната сала во зградата на поранешен Комитет утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи 41-та седница на Советот на општина Куманово. На дневен ред се 58 точки, главно извештаи за работата во основните и средни училишта.
Триесетина ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ денеска го одбележаа Денот без автомобили, со ревијално возење велосипед на булеварот “Октомвриска револуција“.
Министерството за труд и социјална политика спроведува кампања за зголемување на бројот на згрижувачки семејства.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса