Среда неработен ден за Евреите
23 септември 2015 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.
23 септември 2015 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.
8 овци и 2 кози задавил волк во селото Пчиња. Крволочното животно дошло од шумата и утринава влегло во трлото на семејството Петровски.
Поради штрајкот на машиновозачите само возовите кои ги превезуваат мигрантите од Гевгелија до Табановце сообраќаат, а сите други линии се стопирани.
Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека само ветува, а ништо не исполнува.
Синоќа гореше напуштена куќа на улицата “Димитар Влахов“ бр. 38, зад т.н. Стара црква.
Мобилните тимови на Црвен Крст, на 14 и 15 септември укажале помош на 336 бегалци на Табановце.
Е.П.(31) од Албанија утрово во 3.15 часот се здобила со сериозни повреди откако со автомобил удрила во бетонска куќарка на железнички премин, по што автомобилот се одбил и удрил во светлосен сигнален уред.
Во Лапидариумот на Музеј Куманово синоќа беше отворена изложбата на мега портрети на Дејан Божиновски-Коска, насловена како „Интерфејс“.
Во одделот за вакцинација при Здравствен дом Куманово, од вчера започна вакцинацијата со поливалентни вакцини пентаксим.
Во основното училиште “Дитурија“ во село Липково денеска беше пуштена во употреба спортска сала.
Неасфалтираната површина од улицата „Ѓорѓе Петров“, утре ќе биде непроодна од 6 до 18 часот, информираат од општина Куманово.
Од општина Куманово одговараат на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, дека сметот кај пругата се чисти два-три пати годишно, иако земјиштето е во надлежност на Македонски железници.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека и по 11 години од неговото владеење градот се дави во смет.
Членови на Здружението „Кумановски акцијаши“ на предлог на граѓаните, ќе чистат на повеќе локации во центарот на градот, но и на периферија.
Членови на Здружението на глуви и наглуви Куманово, на 28 септември ќе учествуваат на манифестацијата „Игри без граници“ во Охрид.
Во текот на вчерашниот ден пожари имало во селата Доброшане и Речица.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса