Ракометарите и ракометарките успешни, кошаркарите поразени од Лирија.
Машката и женската екипа на ракометниот клуб Куманово забележаа нови победи во оваа коло од ракометното првенство во Македонија.
Машката и женската екипа на ракометниот клуб Куманово забележаа нови победи во оваа коло од ракометното првенство во Македонија.
Аце Јакимовски од атлетскиот клуб „Скок„ од Куманово го освои третото место на првиот ултрамаратон одржан во Република Македонија.
Одбојкарите на Куманово викендов ја пречекуваат екипата на ОК Борец Брако од Велес. Натпреварот е закажан со почеток во 17 часот, во салата на СЕУ Перо Наков - Куманово.
Денеска беше отворена сезоната на натпреварувања на атлетската патека во техничкото училиште „Наце Буѓони„.Ученици од основните и средни училишта во градот и атлетскиот клуб Скок се натпреваруваа во повеќе атлетски дисциплини, беше промовирана и новата опрема за одредени спортови.
Ракометарите на Куманово вчера забележаа нова победа во Спортската сала во Куманово. Пепи Манасков имаше одлично деби на клупата на Куманово, забележувајки ја првата победа со резултат 28:20.
Најдобриот македонски ракометар Пепи Манасков е нов тренер на ракометниот клуб Куманово. Тој со управата на клубот денеска потпиша едногодишен договор.
Ракометарите на Куманово денеска ќе одиграат пријателски натпревар против репрезентацијата на Египет. Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ „Перо Наков“, а ќе започне во 19ч.
Ракометарките на Куманово доживејаа пораз од првопласираната екипа на Вардар. Конечен резултат на натпреварот беше 20:29.
Кошаркарите на Куманово во неизвесна завршница успејаа да го совладаат тимот на Торус СЦБТ. Двата поена на Микиќ во последните секунди од мечот и донесоа битна победа на кумановчани, која можеби ќе бидне клучна за понатамошниот пласман.
Марјан Јаневски е нов член на КК Куманово, кој би требало да претставува големо засилување под кошевите. 23.годишниот играч уште денеска би можел да дебитира против својот поранешен клуб.
Одбојкарите на Куманово утре на гостински терен играат против екипата на ОК Вардар. Ракометарките утре во Спортската сала го пречекуваат ЖРК Вардар.
Во ракометната супер-лига, Куманово утре игра со Борец. Како што пренесуваат локалните медиуми во Велес, неизвесно е дали натпреварот ќе се одигра, бидејќи домаќините најавиле дека ќе стапат во генерален штрајк поради неисплатени плати.
Тројца боксери од боксерскиот клуб „Фајтер„ од Куманово, како дел од тимот на Македонија, викендов ќе настапат на меѓународниот сениорски турнир „Адем Јашари„ во Приштина, Косово.
Францускиот фудбалски интернационалец Николас Анелка, најверојатно во јануари ќе пројде во кинескиот Шангај Шенхуа, наведува „Л’екип“.
Ракометарите на Куманово забележаа битна победа против екипата на Драчево. Во Спортската сала во Куманово конечен резултат на натпреварот беше 30:25.
Викендов во Штип беше одржано третото коло од боксерската лига на Македонија. Куманово зеде учество со 6 боксери, од кои 4 издвојуваа победа.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса