
Филмска бркотница на полицајци и шверцер на мигранти
Комбито со мигранти прво било сопрено од кумановската полиција во населбата Карпош, но откако возачот како во филмско сценарио успејал да побегне на шест патроли, да скрши наплатна рампа, да удри во автомобил и по неколку часовно бекство да стигне дури до Тетово, конечно бил совладан.