Пендарвски во посета на Североисточниот регион
Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски утре е во обликолка на општините од Североисточниот регион, а посетата ќе заврши со митинг во Куманово.
Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски утре е во обликолка на општините од Североисточниот регион, а посетата ќе заврши со митинг во Куманово.
Е.Т.(36) од Куманово, продавал производи со изминат рок на Зелениот пазар во Куманово.
Двајца кумановци ограбиле тројца мигранти од Авганистан кои сакале нелагално да ја поминат македонско-српската граница.
Ученици од основно училиште “Бајрам Шабани“ денеска ја посетија Општина Куманово да се запознаат со работата на локалната самоуправа.
Спајдермени, самовили, принцези, шеици, кловнови, бубамари, невести и други ликови од цртаните филмови денеска продефилираа на Градскиот плоштад по повод Денот на шегата.
Организацијата на жени “Нада Михајлова“ во понеделник традиционално по повод Благовец ќе сечат колач во црквата Света Троица.
Од денеска почнува со работа едношалтерски систем за објава на изгубени лични документи и вадење на нови во управните служби на МВР во сите градови во земјава.
Над 60 ученици се пријавиле за учество на утрешниот првоаприлски маскенбал кој ќе се оддржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Четиринаесет политички партии и коалиции ќе учествуваат на парламентарните избори закажани за 27 април, а ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се единствени партии кои ќе се борат за освојување на пратенички места од дијаспората.
Студиото за модерен танц “Ултра„ викендов се закити со 11 награди на меѓународниот танцов натпревар “Маседониjа опен 2014„ во Скопје.
В.М.(64) и О.Ј.(55) измамиле две кумановки дека ќе ги вработат во “Линеа Комерц“ Куманово за што им зеле 6000 евра.
Претставници од Албанија, Турција, Италија, Белгија заедно со домашни невладини и вработени во Министерство за земјоделство утре ќе го посетат селото Режановце за да поразговараат со населението за искористеноста на парите од ЕУ фондовите.
Волонтери од Црвен Крст денеска на Градскиот плоштад продаваа првоаприлски маски, а средства ќе употребат за лекување на Никола Вулетиќ.
Претставнички на организација на жени “Кумановка“ од 3 до 6 април ќе присуствуваат на регионална конференција “Премостување на различноста“ во Омиш, Хрватска, организирана од фондација на Екуменска Иницијатива на Жени во партнерство со ЕУ - ИПА програма за прекугранична соработка.
Повеќе од 100 кумановци се пријавиле за бесплатниот курс за англиски јазик кој се организира од англиската организација “Вејв проџектс“.
Осумдесет насто од членовите на избирачките одбори во Општина Куманово веќе ги подигнале решенијата во Општинската изборна комисија.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса