Со фалсификувана шасија поминувал граница
Жител на прешевско село со фалсификуван број на шасија од автомобил поминувал на граничен премин Табановце.
Жител на прешевско село со фалсификуван број на шасија од автомобил поминувал на граничен премин Табановце.
Зголемена концентрација на детергенти во водите на реката Липковка го предизвика поморот на рибите минатата недела, покажаа резултатите од анализите на вода што ги направи Центарот за Јавно здравје во Куманово.
Во Североисточниот регион во текот на февруари годинава се издадени вкупно 6 одобренија за градба.
Д.П.(23) од Куманово е возачот што минатат недела го прегазил пешакот во скопската населба Илинден и побегнал.
Кандидатот за пратеник Филип Јаневиќ од ЛДП, на синоќешниот мини митинг на СДСМ во населбата Бабин Дол, ја обвини актуелната власт дека во изминатите години не направила ништо значајно за економскиот развој на државата, освен што се задолжувала кај меѓународните монетарни институции.
Североисточниот плански регион ќе добие 27.556 долари за една година за проектот “Експанзија на малите бизниси“.
Ученици и професори од средно училиште од Дулен, Франција вечерва ќе пристигнат во Куманово и до 16 април ќе бидат во посета на Гимназија “Гоце Делчев“.
Триесетина кумановски пчелари на 26 април ќе посети фабрика за пчеларска опрема и плечарник во Крагуевац, Србија.
Во просториите на Општина Куманово во петок во 12 часот со жрепка ќе се утврди редоследот на партиите и просторот за бесплатно лепење на плакати.
Од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција ветија дека невработеноста од сегашните 28,6 отсто за четири години ќе ја намалат на 22 отсто ако граѓаните им ја дадат довербата.
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 18 часот ќе биде промовиран алманах 4 насловен како “Поетски чекорења“ на Друштво на писатели Куманово.
Кандидатите за пратеници на ГРОМ, синоќа ги посетија граѓаните во населбата „Гоце Делчев„.
Ученици од различни националности од повеќе училишта во градот на Велигден ќе го посетат основното училиште “Христијан Карпош“ каде ќе биде презентирана празничната трпеза и обичаите.
Ромите треба да се образуваат, да добијат повеќе работни места, социјална и здравствена заштита, беше заклучено денеска на трибината организирана од СДСМ Куманово, по повод Светскиот ден на Ромите.
По повод Светскиот ден на Ромите, денеска во Уметничката галерија беше отворена изложбата “Ромска носија низ децении“, организирана од Музеј Куманово и НРЦ, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Дванаесет странски волонтери преку Европскиот волонтерски сервис и невладината “Стритс Фестивал“ во наредните два месеци ќе престојуваат во Куманово и ќе организираат мини баскерфест.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса