Гимназијата го прослави патрониот празник
Во гимназијата „Гоце Делчев„ денеска се одбележаа 107 години од загинувањето на македонскиот револуционер и хуманист Гоце Делчев и 65 годишнината од постоењето на оваа училиште.
Во гимназијата „Гоце Делчев„ денеска се одбележаа 107 години од загинувањето на македонскиот револуционер и хуманист Гоце Делчев и 65 годишнината од постоењето на оваа училиште.
Здружението на почитувачи на ликот и делото на Јосиб Броз-Тито, по повод 4 мај денот на смртта на поранешниот претседател на СФРЈ, денеска положија цвеќе на споменикот во Градскиот плоштад.
Двајца германски државјани синоќа биле приведени во кумановската полиција под сомнение дека киднапирале дете во Липковско.По распитот биле пуштени, бидејќи се работело за сопружници на 50 годишна возраст, кои тврделе дека на патот кон Грција, кога ги виделе убавите пејсажи во Ваксинце одлучиле да кампуваат.
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евро-амбасадорот Ерван Фуере на граничниот премиен Табановце, денеска се информираат до каде е изградбата на ветеринарната и фито-санитарната станица, како дел од проектот за Подршка на интегрирано гранично упрваување.
Група од 15 танчерки од Балетското студио „Ултра“ од Куманово, со нивниот кореограф Александра Димитриевска, се вратија од Измир,Турција каде што на 32-от Меѓународен детски фестивал од 15 до 25 април ја претставуваа Македонија.
Утре во месноста Студена Вода во селото Добрешане, невладините организации и Синдикатот организираат „Првомајски пикник“.
Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, побара од заменик министерот за здравство Владимир Поповски да помогне во Општината да се отвори амбуланта која на населението ќе му пружи 24 часовна здравствена заштита.
ЈП "Куманово Паркинг" од средината на летово ќе започне со наплата на постоечките четиристотини паркинг места во Куманово. Цената е утврдена со одлука на Советот на и изнесува триесет денари по час.
Лидерот на НСДП Тито Петковски и пратеникот на СДСМ Горан Минчев, синоќа во Куманово одржаа трибина на тема „И трудот е капитал„. При тоа се освранаа на моменталната политичка состојба во државата и тешката економска состојба на граѓаните, поради која е создаден опозицискиот фронт.
Мал број кумановци редовно читаат книги. Статистиката во библиотеката „Тане Георгиевски„ покажува дека во Куманово слабо се чита и читателите се во недоволен број.
Kнигата „31 правило за подобар живот„ од авторката Јована Огненовска беше промовирана пред кумановската публика.
Кабелската мрежа за пренос на електронски податоци К-Нет, започна со кампања наречена „Пролетно будење„ со која на граѓаните им нуди промотивни пакети за интернет и фиксна телефонија по многу поволни услови.
Упрвата за јавни приходи, денеска во центарот за култура "Трајко Прокопиев" одржа предавање за електронски даноци наменето за даночните обврзници.
Oд општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција потсетија на реформите што ги преземала Владата во изминатиот период за подобрување на состојбите во земјоделството.
Градоначалникот и секретарот на Општината, заедно со претставниците од градовите „Носители на порака на мирот" на трети мај во Њујорк ќе бидат примени од генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун.
"ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој"беше насловена работилницата што ја организираше Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата "Заеднички вредности".
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса