Водата од градскиот водовод уште не е за пиење, се чекаат лабораториските резултати
Уште се чекаат лабораториските резултати за квалитет на водата и се препорачува водата во градскиот водовод да не се користи за пиење, туку само за техничка употреба. Под техничка вода се подразбира вода за капење и одржување на личната хигиена, миење на садови, а за готвење таа треба да биде превриена.