Во Куманово вкупно 35 активни случаи на ковид-19
Бројот на заболени лица од ковид-19 во Куманово се намалува во последниот период и тој веќе не е меѓу најзагрозените општните , а во моментов има само 35 активни случаи.
Бројот на заболени лица од ковид-19 во Куманово се намалува во последниот период и тој веќе не е меѓу најзагрозените општните , а во моментов има само 35 активни случаи.
Претставници на Мрежата за системски и трајни решенија за ромската заедница во РСМ, составена од 12 ромски невладини организации и здруженија и Центарот за ромска заедница “Дром”-Куманово,заедно со претставници од општината, го одбележаа 8 Април– Меѓународниот ден на Ромите, посветен на историјата и културата на оваа етничка заедница.
На автопатот Куманово-Табановце вчера било опжарено патничко моторно возило, марка „ БМВ“, со кумановски таблички, во сопственост на Д. С. (26).
Во спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, вчера, за само неколку часа на подрачјето на СРВ Куманово биле казнети 15 пешаци, кои не ги почитувале сообраќајните прописи.
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, го лишиле од слобода С.Р. (26) од Куманово, кој се сомничи дека извршил кражба во склад за огревни дрва, на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и во деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“.
Четири лица, од кои еден потешко, се повредени во сообраќајна несреќа во Куманово што се случила вчера ул.“Железничка“.
Бројни колеги, соработници, пријатели и членови на семејството денеска се простија од директорот на Музеј Куманово, Богдан Таневски, на комеморација која се одржа во некогашниот Занаетчиски дом.
Кумановец, кој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување на затворска казна, вчера бил приведен од полициски службеници од СВР Куманово.
ЗСПК „Козјак“ од Куманово, денеска прославува 40-годишен јубилеј од континуираниот развој на планинарството, голем број спроведени акции, планинарски дружења и стекнати признанија, што ќе го одбележи со свеченост во Клубот на воени старешини, со почеток во 19 часот.
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, денеска во 13 часот ќе биде отворена изложба на фотографии - „Низ објективот на Дени“ од авторот Дени Синадиновски.
Градоначалникот Максим Димитриевски и Општина Куманово ги отфрлаат како невистинити и неиздржани тврдењата на партијата Левица, според кои општината за 3 години потрошила близу 2 милиони денари за алкохол, кафе, апетисани и чоколадни бонбони.
Македонски и српски цариници, денеска, на граничниот премин Табановце спроведоа акција за пошумување, по повод јубилејни 30 години од основањето на Царинската управа на Република Северна Македонија.
Советот на Општина Куманово, утре со почеток во 12 часот ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 34 точки, а советниците ќе расправаат по финансиски и извештаи за работа на јавни претпријатија, годишни сметки, извештај за работа на инспекциските служби и др.
По повод Светскиот ден на литературата за деца, денеска, со почеток во 13.30 часот, во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово ќе се одржи литературна средба, насловена „Разговори со Горјан Петревски“.
Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово, утре, традиционално организира комеморијален историски настан за одбележување на 6 Април, Денот на бомбардирањето на аеродромот Аџитепе во близина на Куманово, кога била нападната војската на Кралството Југославија од страна на германската авијација во 1941 година.
Агенцијата за вработување ги објави првите три мерки од Оперативниот план за активни програми и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за мерките – самовработување, практиканство и вработување и раст на правни субјекти.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса