Без вода дел од градот, на две места пукнала главната цевка
На улицата „Доне Божинов“, на две места на растојание од 500 метри, пукнала главната водоводна цевка Ф/300, поради што голем дел од градот од сабајле остана без вода.
На улицата „Доне Божинов“, на две места на растојание од 500 метри, пукнала главната водоводна цевка Ф/300, поради што голем дел од градот од сабајле остана без вода.
Куманово во минатото, како што покажуваат податоците бил релативно сиромашен град кој опстојувал од земјоделство и занаетчиство, но бил град на слога и другарство каде се славело кога некој занаетчија ќе заработел повеќе пари, па сите заедно се собирале во неговиот дуќан за да прослават.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Екипи од ЈП „Чистота и зеленило“, со аеросолизација во централното градско подрачје, попладнево се обидуваат да го намалат загадувањето на воздухот во градот.
ЈП „Чистота и зеленило“ ќе засади 200 нови садници во центарот на градот. Акцијата ја почнаа вчера од улицата „Гоце Делчев“, а ќе продолжат на булеварот „Трета МУБ“, кон Зелениот пазар.
Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Ф.Т.(28) од населбата Доброшане се здобил со сериозни повреди кога во неговиот дом експлодирала плинска боца.
Куманово вечерва е најзагаден град во државата. Според апликацијата „Мој воздух“ во 18 часот концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот изнесуваше 468 мг/м3, а во 21 часот 339 мг/м3. Тоа е за 9 односно 7 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.
Учениците од Основното училиште „Јоаким Крчовски“од Крива Паланка, освоија прва награда на Меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“, што се одржа викендов во Банско, Република Бугарија.
Ива Димитриевска и Милан Додевски, ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, членови на Пингпонгарскиот клуб „Рисови“ од Скопје, освоија две медали на 28-то Државно првенство во екипна конкуренција за јуниори, кое се одржа викендов во Штип.
Во Театар Куманово, утре во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Имотот на агата“ работена според едночинката „Просидба“ од Чехов, а во режија на Марко Богдановски.
Без напојување со електрична енергија денеска се неколку приградски населби и села во кумановско-липковскиот регион.
Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на 4 улици во градот.
Стара и трошна куќа, која се наоѓа на улицата Илинденска, спроти зградата на „Комитет“ , секој момент може да падне.
Владата ги прифати барањата кои ги поставија организаторите на „Марш за чист воздух“, заради заедничко обединување на институциите и граѓанскиот сектор во исполнување на Планот за чист воздух.
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, распиша литературен конкурс на тема „Новогодишна желба“, за учениците од основните училишта. Конкурсот започна вчера, а ќе трае до 20 декември.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса