Нема потреба од карантин и дополнителни мерки во Куманово, кажа Филипче
Mинистерот за здравство Венко Филипче смета дека нема потреба да се воведе карантин и да се прогласи кризна состојба во Куманово, како што предлага градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот кризен штаб, затоа што мерките коишто се на ниво на државата се доволни, а новозаболените пациенти имале контакт со веќе заболени лица.