Книги и подароци за учениците во училиштата „Вук Караџиќ“ и „Браќа Рибар“
Учениците од основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Браќа Рибар“ во Табановце, кои учествуваа на литературниот конкурс по повод празникот „Свети Сава“ добија подароци и книги од директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците Милутин Станчиќ, претседателката на Коло на српските сестри Живка Христовска и раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово Жика Крстевски.