По 10 години отворен Градскиот базен во Крива Паланка
По речиси една деценија пауза, градскиот базен во Крива Паланка повторно е во функција, и со него ќе стопанисува ватерполо клубот "Крива Река". Базенот е отворен за капачи и посетители, а воедно се нудат школа за пливање и школа за ватерполо.