Малиот Ајдин - мост за пријателство и збратимување помеѓу Крива Паланка и Сребреник
Малиот Ајдин Османовиќ од Сребреник , БиХ, кој стана познат по својата извонредна изведба на традиционални македонски песни на социјалните мрежи и кого го нарекуваат бисерно грло, е мостот врз кој почна да се гради пријателството помеѓу општина Крива Палнка и Градот Сребреник.