Во Липково ќе се гради резервоар за вода од 1.000 кубни метри, ќе чини 720.000 евра
Резервоар за вода со капацитет од 1.000 кубни метри ќе се гради за потребите за водоснабдувањето на селата во општина Липково. Проектот чини 720.000 евра, има за цел да го подобри снабдувањето со вода во домаќинставата во повисоките села од липковскиот регион.