Поради дефекти на мрежата без струја повеќе села во Kозјачието
Девет планински села во општина Старо Нагоричане денеска се без електрична енергија, поради дефекти на електродистрибутивната мрежа.
Девет планински села во општина Старо Нагоричане денеска се без електрична енергија, поради дефекти на електродистрибутивната мрежа.
Празничната трпеза на членките од Дневниот центар за активно стареење при Општинскиот Црвен крст од Крива Паланка беше прогласена за најубава Богојавленска софра на манифестацијата Водици, организирана од Општина Крива Паланка во соработка со Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак.
Полицијата привела 34-годишна кумановка која питачела на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Во црквата „Свети Никола“ во Куманово денеска православните верници го прославија големиот празник Богојавление - Водици.
Влатко Тодоровски (20) од Тромеѓа по втор пат успеа да го фати крстот во селото Тромеѓа. Од 12 пријавени лица тој беше најбрз и најсреќен на малото езерце, во центарот на Тромеѓа.
Бојан Костадиновски(21) од Куманово беше најсреќен и го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Традиционалната манифестација „Пивтијада“ ќе се одржи утре, 19 јануари во ресторан „Грација“ во Куманово. Ова е 22-ро издание и досега се пријавени 12 натпреварувачи кои ќе подготвуваат пивтии, кои ќе ги оценува 5 члена комисија.
Ф.Д. (30) од Куманово, сопственик на станот во кој денеска експлодираше плинска боца пренесен е на лекување на скопските клиники.
Експлозија на плинска боца предизвика пожар во стан на приземје на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово.
Празникот Богојавление - Водици, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.
Веројатноста дека ќе има зголемување на ценатата на вода во Општина Куманово е голема, но се уште е неизвесно колку ќе изнесува и од кога ќе важи, велат надлежните.
Со непроменета лична карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“ по 12 февруари годинава нема да може да се патува во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Четири лица, меѓу кои две деца, се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне на регионалниот пат Куманово - Арачиново, кај Ново Село, кумановско.
Од 1 фебруари ќе стапи на сила договорот меѓу царинските управи на Македонија и Србија за меѓусебно признавање на кантарските белешки, односно камионите кои превезуваат стока ќе се мерат само еднаш. Истата мерка ќе се однесува и на товарните возила кои транзитираат низ двете држави.
Објавен е оглас за продажба на дел од хотелите Куманово, Кристал и КУ- БА, кои се имот на некогашното угостителско претпријатие АД Бисерка во стечај. Јавното наддавање е закажано на 25 јануари годинава.
Граѓаните кои имаат лични карти на кои рокот се уште не им е истечен ќе можат да ги користат истите и по 12 февруари 2024 година.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса