Петмина кумановци избрани во новите Централен и Надзорен одбор на СДСМ
Петмина кумановци од општинаската организација на СДСМ се дел од новите Централен и Надзорен одбор на партијата.
Петмина кумановци од општинаската организација на СДСМ се дел од новите Централен и Надзорен одбор на партијата.
Во последните 24 часа регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.196 тестирања.
Пристигнаа уште 100.000 вакцини „Синофарм“, донација од кинеското Министерство за одбрана. Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа и 38.400 дози на „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот.
Свежа паштета направена од туна и мајонез го предизвикала труењето на дечињата и вработените во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше отворена изложбата на слики од ликовната колонија –„Неготино 2020“. Кумановскта публика ќе има можност да види триесетина дела масло на платно на автори од Македонија и Србија, кои минатата година творела во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“.
Општина Куманово денеска ја презентираше новата индустриска зона „Новине и Речица“ пред претставниците на Сојузот на стопански комори на Македонија и членовите на бизнис заедницата.
Во последните 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.658 тестирања.
Бактеријата салмонела во мајонез е причина за труењето на 66 дечиња и тројца вработени во три објекти на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово. Станува збор за мајонез од фабричко производство кој бил во оригинално пакување од 960 мл.
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 205 лица не ја почитувалe Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, соопштува МВР.
Познатиот специјализиран салон за очила - oптика „Стил“, кој се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“, организира голема наградна игра и изненадувања за своите потрошувачи, заради промоција на новата колекција и по повод престојнатата летна сезона.
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ – Куманово, утре со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“.
Во последните 24 часа починаа тројца пациенти од Куманово од вкупно 17 во државата. Регистрирани се и 7 новозаболени и 252 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Полициски службеници од СВР Куманово, денеска во 13.30 часот по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Р.Р.(44) од Куманово.
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје - Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи.
Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, денеска го посети Одделот за инфективни болести при Општата болница во Куманово.
Во последните 24 часа регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19, направени се 2.093 тестирања. По градови во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево - по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса