Во Куманово ноќеска -7, снежната покривка 1 см
Висината на снежната покривка во Куманово утринава во 7 часот изнесувала 1 сантиметар, а минималната температура измерена во текот на ноќта е -7 степени Целзиусови.
Висината на снежната покривка во Куманово утринава во 7 часот изнесувала 1 сантиметар, а минималната температура измерена во текот на ноќта е -7 степени Целзиусови.
Едно лице потешко, а три полесно се повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска по полноќ се случила во центарот на Куманово.
Советот на Општина Куманово во среда ќе одржи редовна седница, прва во новата година. На седницата ќе се расправа по 20 точки, од кои повеќето се од сферата на урбанизмот.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(56) од село Режановце, за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа, против Д.Ј.(36) од Куманово, за сторено кривично дело несовесно работење во службата и против С.А.(37) од село Горно Којнаре, за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службена исправа.
Општинската организација на СДСМ Куманово, задутре на Градскиот плоштад ја организира традиционалната прослава на Бадник.
Во Општиите Куманово, Липково и Старо Нагоричане во текот на годината ќе се работи на реконструкција на неколку патни правци, кои ќе ја олеснат комуникацијата во сообраќајот во трите општини.
Христијанско-протестанската црква од Куманово, подели 400 пакетчиња за децата чии родители се вработени во јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“.
Во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, снежната покривка се движи од 3 до 5 сантиметри.
Едно лице се здобило со сериозни повреди и е пренесено во Кумановската болница, во масовна тепачка во липковско.
Едно лице е потешко повредено откако се судриле автомобил и мотор.
Првото бебе родено во 2019 година во Куманово е машко.
Среќна и успешна 2019 година ви посакува редакцијата на Кумановоњус.мк.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати новогодишна честитка до граѓаните на Куманово.
Поголем дел од граѓаните на Куманово за новогодишните празници ќе останат во градот. Нова година ќе је пречекаат во кругот на семејството, бидејќи се уморни од секојдневните обврски. И соговорниците во нашата мини анкета, во најлудата ноќ ќе останат дома, во новата година посакуваат здравје и среќа за себе и своите најблиски, а очекуваат и подобри денови за државата.
Денеска до 16.30 часот граѓаните ќе можат да се регистрираат на системот за електронска даночна пријава.
Два нови случаи со мали сипаници се лабораториски потврдени. Станува збор за дете на возраст од двеипол години од Куманово и жена на 32-годишна возраст од скопската општина Шуто Оризари.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса