Полицајците позорникари се вратија на кумановските улици
На улиците во Куманово во иднина ќе патролираат полицајци-позорникари. Проектот на МВР за враќање на т.н. маалски полицаец го промовираше министерот Оливер Спасовски, кој истакна дека позорникарската служба е од исклучителна важност, поради тоа што ќе ја зајакне врската помеѓу граѓаните и македонската полиција.