Прогласени првенците на генерација во училиштата во Куманово и Старо Нагоричане
Регионалното здружение на просветни работници денеска ги прогласи најдобрите ученици на генерацијата 2020/21 година во основните и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане. Признанието го доби 31 ученик, 24 од основното образование и 7 од средните училишта.