Шеснаесетта седница на Советот
Советниците утре ќе ја одржат последната седница на Совет во 2013 година.
Советниците утре ќе ја одржат последната седница на Совет во 2013 година.
17 кумановски семејства од вкупно 514 на ниво на држава, годинава добиле субвенции за купување и инсталирање на сончев колектор.
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии “Помеѓу“ на авторот Гунтис Швинтинш од Латвија.
Волонтери на Црвен Крст по симболична цена од 30 денари продаваат честитки, а собраните средства ќе бидат донирани за децата во интернатот во с.Драгоманце.
Стојанче Спасовски е најуспешен полицаец, а Видан Трајковски е најдобар пожарникар во 2013 година во Општината Куманово.
Претставници на женски невладини организации од градот утре во Скопје ќе учествуваат на дебата на тема “Како до ресурси за родова еднаквост“.
Првиот ден од католичкиот Божиќ ќе биде неработен за католиците.
Три семејства од Куманово денеска добија хуманитарна помош од членовите на општинската организација на СДСМ.
Скопјанец вработен во Генерал штаб на АРМ на двајца кумановци им дал лажни потврди за да добијат кредит во банка.
Дел од земјоделците на денешната средба со пратеничката Ленче Николовска се пожалија дека не им се исплатени субвенциите за 2013 година, а останале и без дел од сретствата за 2012 година.
Стечајните работници денеска протестираа пред Регионалниот синдикат во Куманово, барајќи подршка за решaвање на нивниот статус.
Во јануари следната година во просториите на Управа за водење на матични книги ќе се организираат отворени денови.
Непознато маскирано лице, вооружено со ловџиска пушка и пиштол ја ограбило продавницата на Елида во населбата Карпош.
Весна Трајковска, професор по земјоделска група предмети, мината недела е назначена за директор во СОУ “Киро Бурназ“.
Отсекот за превенција при СВР Куманово и основните и средни училишта во градот спроведуваат кампања за едукација и заштита на учениците од употреба на пиротехички средства за престојните празници.
Во март 2014 година ќе почнат градежните работи за реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар, прва од планираните три за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса