Кумановци и синоќа маршираа „За заедничка Македонија“
Кумановчани и синоќа дадоа поддршка на протестот „За заедничка Македонија“.
Кумановчани и синоќа дадоа поддршка на протестот „За заедничка Македонија“.
Мобилните царински тимови на граничниот премин Табановце откриле шверц на поголема количина на декоративна козметика.
Општинската организација на ГРОМ бара од Советот на општината Куманово да ја поништи одлуката за давање под хипотека на имот на општината на ЈП „Чистота и зеленило“, бидејќи смета дека претпријатието не е способно да го отплаќа хипотекарниот долг и за кратко време ќе го изгуби имотот на граѓаните.
Општинската организација на СДСМ обвини за партизираност на МВР, по инцидентот во којшто физички бил нападнат пратеникот Максим Димитриевски од полицајци во алкохолизирана состојба.
Небезбедна за пиење е природната минерална вода на изворите во селото Проевце, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје Скопје.
Во Кумановскиот театар синоќа премиерно беше изведена претставата „Хај Фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи.
Жито Лукс започна голема наградна игра за потрошувачите во Куманово.
Денеска без електрична енергија ќе останат одредени делови на градот и едно липковско село.
Од општинската организација на СДСМ и возвратија на ВМРО-ДПМНЕ, дека со секојдневните пресови и обвинувања само ја лажат јавноста и ја извртуваат вистината, по обвинувањата дека СДС се претворила во насилничка партија.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ се претвора во криминална структура, бидејќи е во паника затоа што народот не дозволува да се спроведе Тиранската платформа, па започнале физички да се пресметуваат со граѓаните.
Полицијата поднесе кривична пријава против Ш.Р.(50) и Б.Д.(36) двајцата од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор.
Учениците и професорите од здравствената струка од техничкото училиште „Наце Буѓони“, 7. Април- Денот на здравјето, традиционално го одбележува со низа активности.
Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. поради основано сомнение дека сторила кривично дело убиство во обид со шрафцигер.
Студенти и средношколци, заедно со преставници на локалната власт и политичките партии од Куманово денеска присуствуваа на локалниот младински форум, кој е дел од Националниот младински совет на Македонија.
Од Управата за хидрометеоролошки работи ги предупредуваат овоштарите и земјоделците да ги заштитат овошките, бидејќи поради разведрувањето за време на викендот, и на почетокот на наредната недела, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата.
Д.С.(29) од Скопје, вработен во млекарницата „Здравје Радово“, се здобил со повреди по нозете откако паднал од височина од 2 метри, бидејќи пукнала сајлата на товарниот лифт.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса