Се одбележа Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон
Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон денеска беше одбележан со пригодна свеченост во касарната „Боро Менков“. 26 февруари е одреден за Ден на единицата со указ на претседателот Ѓорѓе Иванов, како датум кога е формирана Третата Македонска ударна бригада, пред 72 години во селото Жегљане.